Заев на средба со францускиот премиер во рамките на самитот во Познањ

На Самитот ЕУ-Западен Балкан во Познањ, кој веќе неколку дена се одржува, а има за цел да им даде поддршка за европска интеграција на земјите од Западен Балкан, премиерот Зоран Заев денеска ќе се сретне со францускиот премиер.

Заев на средбата со францускиот премиер Едуард Филип би требало подетално да разговараа околу актуелната состојба за шансите на Македонија за отворање на преговори за влез во Европското семејство.

На крајот на самитот Заев ќе одржи заедничка прес конференција со полскиот домаќин Матеуш Моравијецки, со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со германската канцеларка Ангела Меркел.

Ќе биде одржана конференција за западен Балкан, на која треба да учествува и германската канцеларка Ангела Меркел, на чија иницијатива во 2014 година беше покренат Берлинскиот процес, со цел да се забрза дијалогот и можноста за соработка меѓу земјите од регионот.

Состанокот со Заев на кој главен фокус е отворање на пристапните преговори со ЕУ, е на барање на францускиот премиер. На средбата Заев ќе се обидe да издејствува поддршка од Франција за датум за преговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот