Заев му честита на новиот германски канцелар Шолц: Верувам дека нашето партнерство ќе се засили

Зоран Заев / Фото: СДСМ

Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи му го честита назначувањето на функцијата на новиот канцелар за Германија Олаф Шолц, порачувајќи оти верува во уште посилно партнерство меѓу двете земји.

„Искрени честитки до новиот германски канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц. Во изминативе години ја продлабочивме соработката со Германија, како наш искрен и стратешки партнер“, напиша Заев на Твитер.

„Верувам партнерството помеѓу Германија и Северна Македонија ќе се интензивира и надгради“, додава Премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот