Заев: Го повикувам Судскиот совет да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на предметите

Премиерот Зоран Заев денеска во објава на Фејсбук го повика Судскиот совет да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на некои предмети.

„Ајде кажете ни кој тоа влијае врз судиите, зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиоките на бившиот претседател на Врховниот суд?“, наведува Заев во објавата.

Тој натаму потенцира дека нема да има компромис со криминалот.

„Нема таков суд, судија, обвинител што ќе го запре овој процес! Нема шанси! На овој наш пат треба да ја завршиме и борбата за правдата!“, додава премиерот во објавата на Фејсбук.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев вчера изјави дека контролата на работата на судиите треба да се изврши согласно Уставот на земјата и важечките закони за судови и за Судскиот совет.

Според Здравев, Судскиот совет годинава побарал одговорност од дури 75 судии, за разлика од лани и во 2017 година кога имало десетина барања.

За повиците прочистувањето на правосудните органи да почне токму од Судскиот совет, Здравев вели дека не ги доживува како притисок врз судската власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот