Заев ги повика Мицкоски, Ахмети и Села на лидерска средба во петок

Премиерот Зоран Заев го повика лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерска средба во петок во 14 часот во Клубот на пратеници.

Тој упати покана и до лидерот на ДУИ, Али Ахмети и лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Тема на лидерската средба Заев предлага да бидат Законот за СЈО, Законот за попис и Изборниот законик.

Заев потенцираше дека сега не треба да се оди на предвремени парламентарни избори, туку да се посвети внимание на економските прашања.

Тој е подготвен да разговара за избори најрано во октомври 2020 година што, како што рече, влегува во редовниот термин.

– Ако сакавме предвремени парламентарни избори ќе ги направевме заедно со претседателските – нагласи Заев.

 

ВМРО-ДПМНЕ: Поканата за лидерска средба дополнително ќе се анализира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот