ВМРО-ДПМНЕ: Поканата за лидерска средба дополнително ќе се анализира

димче арсовски

За денот и локацијата на лидерската средба органите на партијата дополнително ќе анализираат и ќе биде одлучено согласно агендата на лидерот Христијан Мицкоски, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на поканата од премиерот Зоран Заев да се одржи лидерска средба во петок во 14 часот во Клубот на пратеници. Арсовски го повтори ставот на Мицкоски дека единствена тема на евентуална лидерска средба би требало да бидат предвремени избори.

– Ние сме децидни дека на таа лидерска средба како прво и единствено прашање мора да се разговара како прва точка за предвремени парламентарни избори. Во однос на денот и времето и локацијата, дополнително ќе биде анализирано во органите на партијата и ќе биде одлучено согласно агендите на претседателот и временските можности – рече Арсовски.

Премиерот Заев, пак, нагласи дека не е време за предвремени избори, туку е време Владата да се посвети на економската агенда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот