Заев до Вартоломеј: Православниот народ во нашата земја заслужува автокефална црква

Премиерот Зоран Заев испрати писмо до вселенскиот патријарх Вартоломеј во кое уште еднаш бара од него да се заложи за признавање на афтокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Заев во писмото потсетува на нивната средба во Истанбул на која беше побарана асистенција и заложба на вселенскиот патријарх за Македонската православна црква – Охридска архиепископија да биде признаена како автокефална и да биде примена во заедницата на помесните православни цркви.

– Го почитуваме сето она што е одредено од меѓународните договори и состојби. Но, бараме да бидеме слободни и црковно во рамките на границите на нашата земја и нашите архиереи да сослужуваат со архиереите од сите православни цркви во светот, се вели во писмото на премиерот Заев до неговата светост, патријархот на Цариградската патријаршија, Вартоломеј.

Во писмото се истакнува дека православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност која ја сонува веќе цел еден век и дека очекува да ја види Македонската православна црква – Охридска архиепископија признаена како автокефална, со благословот и со писмена одлука од првиот меѓу Христовите архиереи на земјата, цариградскиот патријарх Вартоломеј.

Пред два дена писмо до вселенскиот патријарх во кое се бара прзнавање на афтокефалниот статус на МПЦ-ОА упати и претседателот Стево Пендаровски.

Пендаровски до патријархот Вартоломеј: Употребете го вашето апелационо право за нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот