За време на продолжениот викенд сопствениците да се воздржат од издавање на сместувачки капацитети во Берово

Сопствениците на објекти наменети за комерцијално сместување на туристи да се воздржат од комерцијално издавање на просторот за време на продолжениот викенд. Ова е главниот заклучок на Општинскиот кризен штаб во Берово, кој денеска донесе и други мерки, препораки и заклучоци пред продолжениот првомајски викенд.

-Во тој контекст упатувме апел до населението и туристите во пресрет на престојниот празник, да се придржуваат кон мерките и препораките на Владата, да избегнуваат поголеми групирања и големи прослави.Посебно на помладите им препорачуваме да бидат совесни, со тоа што ќе одбегнуваат палење оган на отворено.Полициските контроли ќе бидат интезивирани на ниво на целата територија на општината, поготово низ туристичките населби, а за секоја друга затекната ситуација, ќе се сноси одговорност, информираа од Кризнит штаб во Берово.

Како што посочија, дозволи за земјоделците со неригистрирани стопанства и понатаму ќе се издаваат во четврток до 13:30 часот.

-Истите ќе важат за деновите, петок, сабота и недела од 14:00 до 16:00 часот. Начинот на аплицирање, останува истиот, што значи дека пријавувањето се врши со лични податоци (од лична карта), возило со кое ќе се движат (регитарски табли) и местото до кое ќе се движат, додадоа од Општинскиот кризен штаб.

Во истовреме остануваат отворени броевите за пријавување на семејно и родово насилство објавени на општинската веб-страница, при што во случај на нужност дозволено е движење на жртвите за време на полициски час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот