За новите министри ќе треба да се гласа денеска

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Денеска во Собранието ќе продолжи седницата на чиј дневен ред ќе биде именувањето нови министри во Владата.

Во текот на вчерашниот ден беа разрешени од функцијата министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерот без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика. Министрите беа разрешени со мнозинство гласови.

Освен нив, беа констатирани оставките на министрот за земјоделство Љупчо Николовски, на министерот за култура Асаф Адеми, на министерот за животна средина Садула Дураку и на министерот без ресор Зоран Шапуриќ.

Претходно премиерот Зоран Заев го повлече предлогот, тој, покрај премиерската функција, да ја извршува и функцијата министер за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот