За една недела Германија ќе почне со вакцинирање на населението против ковид-19

Германија ковид-19
Германија / Фото: EPA

Германија ќе почне со вакцинирање на населението против ковид-19 на 27 декември каде прво ќе се вакцнираат во домовите за стари лица, соопштија здравствените власти.

Одлуката е донесена на состанокот на сојузниот министер за здравство Јенс Шпан и неговите колеги од 16-те германски провинции. Шпан ги информираше учесниците на состанокот за претстојното одобрување и испорака на вакцината изработена од компаниите Фајзер и БиоНТех.

Вакцинацијата низ цела Европска унија, каде Германија сега има ротирачко претседателство до крајот на годината, веројатно ќе почне на 27 декември.

Под германски притисок, Европската агенција за лекови вчера објави дека ќе донесе одлука за одобрување на вакцината на Фајзер/БиоНТех на 21 декември – една недела порано од планираното.

Институтот Роберт Кох соопшти за рекорд на смртни случаи во Германија од 952 лица поврзани со коронавирусот во последните 24 часа. Бројот на новоинфицирани е близу 28 илјади.

Вкупно скоро 23.500 луѓе починаа во Германија од компликации предизвикани од коронавирусот. Заразени се скоро милион и 380 илјади луѓе. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот