За 33,2 милиони денари ќе се реконструира плочникот пред ГТЦ

Започна уредувањето на еден од најзапуштените делови од Скопје, просторот пред влезот во Градскиот трговски центар. Работните активности кои започнаа денеска се очекува да завршат до 13 Ноември, денот на ослободувањето на Скопје, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

– Ова е еден од најзапуштетните простори во централното градско подрачје, а во наредниот период ќе се одвиваат градежни активности што ќе значат целосно осовременување и целосен нов лик на овој простор.

Пред ГТЦ, освен плочки од три вида, на површина од речиси 5.000 квадратни метри дополнително ќе бидат засадени 22 костени, ќе биде изведена патека за лицата со инвалидитет, а ќе биде поставена и урбана опрема со оптимален број клупи, корпи за отпадоци, осветлување и заштитни столбови, објаснуваше Шилегов.

– Верувам дека граѓаните веќе препознаваат како чекор по чекор го менуваме изгледот на градот на начин што обезбедува сериозно повисоки стандарди за квалитет на урбаните јавни простори. Менувајќи го изгледот на централното градско подрачје на овој начин за 2-3 години сите заедно ќе уживаме во едно многу попријатно и поубаво Скопје со кое уште повеќе ќе се гордееме – нагласи Шилегов.

За реализацијата на овој проект Градот ќе потроши околу 33,2 милиони денари, или 104 евра по метар квадратен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот