Вучиќ за синоќешните инциденти: Демонстрантите го кршат законот, но јас не сакам сцени како во Париз – Слободен печат
ВестиРегион

Вучиќ за синоќешните инциденти: Демонстрантите го кршат законот, но јас не сакам сцени како во Париз

Тој порача дека очекува учесниците на протестите во иднина да не упаѓаат во зградата.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска изјави дека членовите на протестот „1 од 5 милиони“ кои синоќа насилно ја срушиле безбедносната ограда пред зградата на Претседателството, знаат дека го прекршиле законот, додавајќи дека ќе побара од обезбедувањето во иднина да ја отстрани оградата.

Тој порача дека очекува учесниците на протестите во иднина да не упаѓаат во зградата.

„Правете што ќе посакате, само не го кршете законот и немојте насилно. Ги повикувам сите луѓе, како од полицијата, така и од воената полиција и моето непосредно обезбедување, да им дозволат да ми пријдат, но не дозволувајте да предизвикаат крвопролевање и инциденти. Мора да го задржиме мирот во земјата, јас не сакам сцени како во Париз“, рече српскиот претседател.

Синоќа во Белград се одржа 36. по ред протест на граѓаните „1 од 5 милиони“, на кој на крајот од протестот, пред Претседателството кое е официјално седиште на Александар Вучиќ дојде до инцидент, кога тричлена делегација се обиде да ја тргне оградата пред објектот за да го достави списокот со барања на демонстрантите.

Притоа дојде до туркање на демонстрантите со многубројното обезбедување во цивилна облека, кое го спречи тргањето на оградата, па еден од демонстрантите заврши во Ургентен центар.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close