Вучиќ подготвен за дијалог со Албанците по изборите во Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ, доцна синоќа на вонредно обраќање пред јавноста изјави дека Српска листа на денешните предвремени парламентарни избори во Косово, остварила најубедлива победа во својата историја, додавајќи дека „ова му е една од најомилените победи, затоа што е постигната во најтешки услови.”

Вучиќ рече дека оваа партија, која беше подржана од властите во Белград, освоила повеќе од 90 проценти од гласовите во сите општини со српско мнозинство во Косово.

Коментирајќи ги резултатите на албанските партии, Вучиќ рече дека моментно води Демократскиот сојуз на Косово, на Иса Мустафа, но дека по пребројувањето на гласовите од странство, очекува дека најмногу места во новиот парламент ќе добие Самоопределување на Албин Курти.

Тој изрази надеж оти до декември во Приштина ќе се формира влада која ќе ги укине таксите на увозот на стоки од Србија, со цел да се создадат услови за продолжување на дијалогот.

Вучиќ истакнаа дека за него е важно да може да разговара со легитимни преставници на Албанците.

– Ќе бидеме подготвени да разговараме со легитимните албански претставници, кој и да е тоа, не сме ние тие што ќе ги избереме, не го ослободив јас Албин Курти од затвор (во Србија) туку ДОС, не соработував јас со него, туку некои други, но наше е да разговараме со нив и тоа ќе бидат многу тешки разговори. Тука нема голема филозофија, не очекувајте дека ќе биде лесно за нас, но и за нив нема да биде лесно, но тоа е и смисолот на преговорите – да разговараме и да се обидеме да најдеме компромисно решение – рече Вучиќ.

Во секој случај, истакна тој, денес имаме целосен легитимитет, а српскиот народ недвосмислено кажа кој ќе ги претставува неговите интереси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот