Вучиќ ја оцени како добра средбата на западнобалканските лидери на Брдо кај Крањ

Фото: Nedim Grabovica / Xinhua News / Profimedia

Добар состанок и она што е најважно и за што постои консензус е дека целиот регион се наоѓа на европскиот пат и оти треба заедно да работиме во таа насока, посочи Вучиќ преку Инстаграм.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја оцени како добра денешната средба на лидерите од Западен Балкан на Брдо кај Крањ, која траеше подолго поради усогласување на заклучоците, кои ќе бидат соопштени подоцна.

– Добар состанок и она што е најважно и за што постои консензус е дека целиот регион се наоѓа на европскиот пат и оти треба заедно да работиме во таа насока, посочи Вучиќ преку Инстаграм.

– Многу добри работи има во заклучоците, а дали можевме за сè да се договориме – секако дека не можевме, објасни српскиот претседател.

– Ние ги поддржавме намерите и желбите на другите во Западен Балкан да добијат датум за преговори и визна либерализација. Имаше многу работи за кои не се согласувавме, едно од прашањата што беше клучно е прашањето за промена на границите. Србија отсекогаш се залагала за принципот на почитување на непроменливост на границите признати од Обединетите нации. Ние сакаме добри односи со сите, но сметаме дека не треба да се додворуваме некому. Важно е да покажеме почит едни кон други и да соработуваме регионално, заклучи Вучиќ.

На состанокот, кој се одржа зад затворени врати, односно без медиуми, присуствуваа македонскиот претседател Стево Пендаровски, српскиот претседател Александар Вучиќ, хрватскиот Зоран Милановиќ, албанскиот Илир Мета, црногорскиот Мило Ѓукановиќ, членовите на претседателството на БиХ, Милорад Додик, Жељко Комшиќ, Шефик Џаферовиќ, и претседателката на Косово Вјоса Османи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот