Вучиќ: Имам докази дека сум бил прислушуван, мислам дека знам кој стои зад тоа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека има докази дека бил прислушуван и дека тоа траело година и пол. Тој за Курир истакна дека не знае директно имиња на луѓето кои го слушале, но смета дека знае кој стои зад тоа.

Има само една мета, тоа е Александар Вучиќ и сите што се осмелуваат јавно да го поддржат“, рече Вучиќ за ТВ Пинк и посочи дека од 2014 година трае кампања во која од неговото семејство се обидува да се направи копија на семејството на Слободан Милошевиќ.

„Сето тоа е засновано на апсолутни лаги – тие почнаа со приказни дека мојот брат е сопственик на ресторанот Франш, дека поседува хектари земја во Војводина, а потоа почнаа со постариот син“, потсети тој.

„Срцето ме боли за она што им го направив на Данило и Милица, што се занимавам со политика, што станаа мета на службите“, рече Вучиќ, кој тврди дека неговиот син Данило го следеле луѓе од полицијата и го пријавувале во одредени служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот