Вучиќ ги откажува сите предизборни митинзи на СНС

Образложувајќи го својот предлог на седницата на Изборниот штаб, Вучиќ наведе дека со организирање на масовни предизборни митинзи не сака да го загрози здравјето на ниту еден човек,

Српскиот претседател и лидер на Српската напредна странка Александар Вучиќ предложи вечерва на седницата на Изборниот штаб сите предизборни собири на партијата, вклучително и големиот собир во Нови Сад и завршниот во Ниш, да бидат откажани, поврдија за Блиц.

Лидерот на СНС не сакал на било кој начин да ја загрози состојбата на населението посебно што на предизборните собири на најсилната партијата во земјата се очекуваат голем број луѓе.

Првиот таков митинг требаше да се одржи во петок во Нови Сад, на кој се очекуваше присуство од најмалку 30.000 поддржувачи на СНС.

Вучиќ вечерва на седница на Изборниот штаб на СНС го изнел овој предлог иако епидемиолошката ситуација е далеку од драматична и покрај тоа што ставот на експертите, пред се лекарите епидемиолози, е дека не треба да се забрануваат масовните собирања, а доказ за тоа е вечерашното дерби на Звезда и Партизан кое ќе биде одиграно пред неколку десетици илјади луѓе.

Образложувајќи го својот предлог на седницата на Изборниот штаб, Вучиќ наведе дека со организирање на масовни предизборни митинзи не сака да го загрози здравјето на ниту еден човек, зошто здравјето и безбедноста на граѓаните на Србија е над политиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот