Вучиќ: Договорени се темите за состанокот во Брисел

Фото: МИА

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека се договорени темите за состанокот во Брисел, што ќе се одржи в четврток во рамките на дијалогот Белград – Приштина.

– По 20 месеци продолжува Дијалогот под покровителство на ЕУ. Договорени се темите за состанокот во Брисел в четврток, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ денеска имаше видео состанок со косовскиот премиер Авдулах Хоти и со претставници на Европската Унија.

Специјалниот претставник на ЕУ за Дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, по видео средбата со Вучиќ и Хоти изјави дека Диојалогот е вратен на вистинскиот пат.

– Драго ми е што можам да кажам дека по самитот во Париз и денешната средба, дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, по 20 месеци се врати на вистинскиот пат, изјави Лајчак.

И Лајчак истакна дека состанокот биле договорени главните елементи на процесот и агендата на следната средба, што ќе се одржи во живо во четврток во Брисел.

Видео конференцијата меѓу Белград, Приштина и преговарачот на ЕУ траеше околу 2,5 часа.

Одржани се билатерални консултации на двете страни со високиот претставник на ЕУ за  надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и со Лајчак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот