Вучиќ: Да тестираме и ние малку луѓе како Хрватска, заболените ќе ни умираат

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во гостувањето во Дневникот на РТС, наведе дека денеска е забележан помал процент заразени во однос на изминатите денови.

„Вчера тестиравме речиси 12.000 луѓе. Процентот на заразени пред четири дена беше значително поголем. Денеска се хоспитализирани околу 480 луѓе, а 540 се пуштени дома. И натаму има силен притисок врз болниците, но не ужасен каков што беше пред 4-5 дена, посебно во Белград кој е на најголем удар. И покрај преполнетоста на болниците, Белград може да издржи“, рече Вучиќ.

Истакнува дека Србија денеска ја помина Германија по бројот на тестирани на 100.000 луѓе и се наоѓа на петтото место во Европа, и како што вели, пред Србија се смао Австрија, Швајцарија, Луксембург и уште една земја.

Објаснува дека Србија денеска донела значајна одлука во однос на другите во регионот, Хрватска и Бугарија, зошто сака да ја идентификува болеста и да се грижи за здравјето и животите на луѓето, а не „за политички бројки и наклонетост на населението“.

„Ние во последните 24 часа откривме 426 заразени, но да тестиравме како Хрватска илјада или две илјади луѓе дневно, заболените ќе умираа. Ние не се претставуваме како најдобри. Затоа ќе одиме на 12.000 тестирани дневно. Ќе се обидеме да го намалиме бројот на тешки случаи“, порача Вучиќ.

„Кога тестирате многу луѓе, ќе откриете повеќе болни и мртви. Наша цел и задача е да се обидеме да покажеме дека со огромно тестирање сакаме д аги зачуваме и лекуваме луѓето и да го запреме ширењето на коронавирусот“, рече Вучиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот