ВТОРНИК СО ТОП КНИГА од „Литература.мк“: „Танц околу Сонцето“ од Ведрана Рудан

Во книгата, искрено и без разубавување, Рудан пишува за своето ниту малку безгрижно детство, за децата и внуците, за патот што го поминала од продавачка на сладолед на плажа, до најчитаната писателка во регионов. За тоа, зошто во социјализмот било неможно да се добие отказ и како станала првата новинарка која успеала да добие отказ во новиот хрватски демократски режим.
Конечно, Ведрана Рудан ни покажува зошто во животот е најважно и најтешко без срам да се погледнеш себеси во очи.

Во книгата авторката вели: „Што е вистината? Сè е само впечаток. Имам седумдесет години. На фотографијата на корицата изгледам како да имам седумдесет. Очните капаци ми се подуени, од алергијата. Очите постојано ми се вцрвенети. Лицето ми е мртовечки бледо, а кога сонцето ќе го допре, него го поздравува со пеги. Во книгата се соблеков докрај. Одвреме-навреме, ослободена од каква било суета, се чувствувам одлично во својата стара, набрчкана, пегава кожа. Жената која ве гледа, таа сум јас. Јас – старата. Јас – изморената. Јас – заситена од животот и среќна што сум жива. Зар не се гледа среќата на моето лице? Прочитајте ја книгата, во неа клечи среќата. Зар не ме слушате? Штета. Се смеам на цел глас.“

Ова е втора книга од Рудан што издавачот „Арс Ламина“ ја објавува оваа година. Претходно, за време на Саемот на книгата 2019, беше промовирана „Костурите на округот Медисон“.

Книгата „Танц околу Сонцето“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарача и онлајн, на следниот линк:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13585

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот