Враќање на физичка достава на сметките за граѓаните и малите бизниси

Фото: Драган Митрески / Слободен Печат.

Обемот на услуги на писма бележи пад како резултат на нивната замена со електронски фактури, но од Агенцијата за пошти очекуваат особени заложби од поштенските оператори за повторно „освојување” на ова поле, насочени кон враќање на физичка достава на сметките за граѓаните и малите бизниси.

Директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамовска Ѓоревска во интервју за МИА порачува дека традиционалните но и новите играчи на пазарот на писма треба да го „реосвојуваат ” овој сегмент на македонскиот пазар и да го зголемат и по обем и по вредност.

Новостекнатите навики на граѓаните електронски да си ги плаќаат сметките и фактурите, не значат и дека некои не сакаат да си ги добијат по пошта и навреме таквите сметки.  Тоа, укажува таа,посебно е важно за повозрасните и ранливите категории граѓани, и не само за нив, ако се знае дека засега платените хартиени сметки може да се чуваат подолго и подостапно од електронските.

Целосната либерализација на поштенскиот пазар што е во сила од почетокот на годинава, како што вели, претставува можност за сите даватели на поштенските услуги да може да работат по еднакви услови дефинирани со законските одредби.

-Приватната конкуренција низ годините постепено се развива и корисниците одамна се свесни за нејзиното постоење и можности во развивањето нови услуги за пакети, со цел да се одговори на актуелните потреби. Пазарот на услуги за писма има свои специфичности и ова целосно отворање на конкуренцијата очекуваме да ги раздвижи работите во позитивна насока и при тоа не мислам само на  иновативен настап за продор на приватните компании туку и на дополнителните напори на националниот давател за подобрување на квалитетот на услугите под влијание на компетитивната средина која настапува, вели Аврамовска Ѓоревска.

Време е, нагласува, за динамична иновативна пазарна економска логика и нема враќање назад.

-Можноста за конкуренција во доставата на писма кои содржат сметки и фактури, никого, а особено давателите не треба да ги остават рамнодушни, но и на нивото и обемот на услуга како за време на пандемијата. Имено, бројките покажуваат дека очигледен е падот на обемот на услугите за писма како резултат на нивна замена со електронски фактури а не помалку индикативни се и искуствата на примачите. Од сите даватели очекуваме особени заложби за повторно „освојување” на ова поле, насочени кон враќање на физичка достава на сметките за граѓаните и малите бизниси. Свесни сме за ново стекнатите навики на граѓаните електронски да си ги плаќаат сметките и фактурите, но тоа од друга страна не значи дека тие не сакаат да си ги добијат по пошта и навреме таквите сметки. Ова посебно е важно за повозрасните и ранливите категории граѓани, и не само за нив, ако се знае дека засега платените хартиени сметки може да се чуваат подолго и подостапно од електронските, вели Аврамовска Ѓоревска.

Потенцијалот на овој пазарен сегмент, дополнува, е уште поголем ако се знае дека се уште има многу фирми и претпријатија кои сами си ги доставуваат нивните сметки.

-Затоа велиме дека на традиционалните но и на новите играчи на пазарот на писма останува да го „реосвојуваат ” овој сегмент на македонскиот пазар и да го зголемат и по обем и по вредност, порачува директорката на Агенцијата за пошти.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот