ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Полицајци во Мостар претепаа човек за кршење на полицискиот час

Јавноста во БиХ е шокирана откако порталот „Поглед.ба“ објави видео снимка, која тврдат дека е снимена во Мостар, а на која се гледа како двајца полицајци тепаат човек пред влезот на зграда.

Од порталот пишуваат дека видеото е направено околу 23 часот во саботата, а човекот очигледно го прекршил полицискиот час кој е воведен како мерка против пандемијата на коронавирусот.

По тепањето, тој бил однесен во Полициското одделение Мостар, каде му била изречена казна за кршење на мерката полициски час, по што го пуштиле да оди сам дома на полноќ.

Откако потоа му се слошило дома, човекот сам се пријавил во болницата во Мостар каде му биле утврдени повредите.

Од полицијата уште немаат коментар.

Извор: Поглед.ба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот