„Воздухопловни летала на иднина” – ликовен конкурс за основците

Ликовен конкурс на тема „Воздухопловни летала на иднина” за учениците од основните училишта во државава организира Агенцијата за цивилно воздухопловство во соработка со Министерството за образование и наука.

Конкурсот е поделен во две категории: за ликовна творба со која може да конкурираат ученици од 7 до 12 години, и за ликовна творба во 2-Д или 3-Д, со свои креативни дела, за ученици од 13 до 15 години.

Агенцијата за цивилно воздухопловство, ги охрабрува сите млади креативци од земјава да се вклучат во ликовниот конкурс, и со тоа да дадат придонес во изразување на личниот талент и визија, како гледаат на перспективите на македонското воздухопловство, гледано низ призмата на воздухопловните летала на иднината.

Повод за распишувањето на ликовниот конкурс од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство, во соработка со Министерството за образование, е одбележувањето на 75 годишнината од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), во чие чествување се вклучи и АЦВ, преку организација на серија од настани и активности.

Со пропозициите за учество на Конкурсот, заинтересираните лица, може да се запознаат на следниот линк ЛИКОВЕН КОНКУРС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот