Возач удрил во пешак близу село Карбинци, а потоа избегал од местото

Македонска полиција/ Фото: Миа

Возач во селото Карбинци удрил во пешак и избегал од местото на несреќата. Според соопштението на СВР-Штип, настанот се случил вчера на регионалниот пат во село Карбинци, кога непознато патничко возило удрило во 40-годишната Н.П, жител на село Карбинци.

По несреќата, Н.П била пренесена во штипската Клиничка болница, каде лекарите констатирале телесни повреди. По овластување на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициска станица Штип.

Полицијата трага и по возачот, кој наместо да и помогне на повредената жена, избегал од местото на несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот