Возач на автобус доби три години затвор за сообраќајката на автопатот Велес-Скопје

Затворска казна од три години денеска доби 50-годишниот возач на автобусот „Бус травел – Скопје”, Ацо Николовски, кој на 20 август 2017 година направи сообраќајка во близина на месноста „Пуста Кула” на автопатот Велес-Скопје.
Во сообраќајната несреќа, од повредите починаа двајца патници,13 беа тешко повредени, а минаа со 12 полесни повреди.
Како што информираат од Основниот суд Велес, Николовски денеска во судница, каде присуствувале дел од повредените патниците во автобусот, им се извинил на патниците за стореното, и го признал делото за кое се товарел „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот”.

Според Обвинителството, сообраќајната несреќа на автобусот се случила бидејќи возачот на автобусот не ја држел страната и правецот на движење, не се движел по средината на коловозната лента на која се наоѓал, туку преминал на левата коловозна лента, излегол од коловозот, удрил во металната заштитна ограда и на левата бочна страна се превртел со автобусот полн со патници при што дошло до несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот