Воена мобилизација од 25 годишна возраст – Зеленски го потпиша новиот Закон

epa11228545

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша предлог-законот со кој се намалува старосната граница за воена мобилизација од 27 на 25 години, пренесоа светските агенции.

Предлог-законот, кој беше изгласан пред една година од пратениците и кој досега чекаше да биде потпишан од претседателот, стапува на сила од утре, соопшти украинскиот Парламент (Врховната рада) на својата веб-страница.

Украинската Влада треба во рок од шест месеци да ги усогласи различните правни текстови во земјата со новите барања на возраста за мобилизација.

Мобилизацијата во армијата е предмет на дебата во Украина со месеци, забележуваат светските агенции.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот