Водич за преживување на празниците за девојки и жени кои се сами

Фото: Профимедиа

Во сезоната на празниците сите се собираат и се гледаат со семејството и роднините, а кога сте сами, средбите со семејството умеат да бидат напорни. Многумина доаѓаат на смеејните собири во пар, но што да правите ако дојдете сами, односно ако не сте во врска и немате партнер?

САМИ ДОНЕСЕТЕ ОДЛУКИ

Кој вели дека мора да одите кај секој роднина во текот на празниците? Дали вашите родители „смртно“ ќе се навредат ако не одите кај нив?

Многу луѓе мислат дека мора да го исполнат сечие очекување во текот на празниците, но, вушност, би требало да се концентрирате само на она што го сакате.

Направете што сакате, бидејќи поубаво ќе се чувствувате ако се ослободите од товарот дека нешто мора да го направите.

ИСПЛАНИРАЈТЕ ИНТЕРЕСНИ АКТИВНОСТИ

Секако, не би требало да го избегнувате семејството затоа што сте сами и само затоа што некои ваши роднини ќе се појават во друштво на своите партнери. Ако веќе одлучите да се појавите на забавата, испланирајте и некои активности за себе – одете на јога, пилатес, закажете маникир и педикир, одете во спа-центар или на шопинг, едноставно направете нешто друго што знаете дека ќе ви годи.

ПОРАСНЕТЕ

Кога ќе се вратите дома, многу е лесно повторно да почнете да се однесувате како тинејџер, без оглед на тоа колку години имате.

Ако се однесувате како тинејџер, постои опасност и да размислувате како да сте тинејџер – да заклучите дека „вашиот живот е ништожен“ и слично. Поради тоа однесувајте се согласно своите години.

Ако живеете со родителите, помогнете им дома се да подготват или однесете ги една вечер во ресторан за да се опуштат. Преземете ја контролата.

ПОДГОТВЕНО СЦЕНАРИО

Колку и да се обидувате да ја избегнете таа тема, некој од роднините сигурно ќе ве праша дали имате момче. Одговорите од типот „сите добри мажи се зафатени“ или „сите со кои сум била се идиоти“ можат погрешно да бидат сфатени и можат да предизвикаат нови прашања кои уште подлабоко навлегуваат во вашата интима. За да ги избегнете „терапиите“ со разговор кои великодушно ви ги нудат роднините, променете го своето сценарио и кажете дека „уживате во излегувањата и дека се уште не планирате да се врзувате“. Ако им покажете дека не ви е важно што сте сами, тогаш нема да им биде важно ниту на вашите роднини.

УЖИВАЈТЕ ВО СВОЈАТА САМОТИЈА

Сигурно нема долго да бидете сами. Сфатете дека тоа е само привремено и искористете го времето само за себе. Добра работа е тоа што за празниците не мора да се прилагодувате и на обврските и желбите на партнерот. Само свртете се околу себе и погледнете ги сите тие двојки. Речиси секој од нив би сакал да се менува со вас барем на кратко и извесно време повторно да ужива во самотијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот