Во Зоолошка ќе се гради Дино парк, влезот ќе се наплатува 50 денари

41 диносауруси од различни видови во оригинална големина со синхронизирани движења, проследени со звуци, ќе ја збогатат содржината на Зоолошката градина во Скопје, и ќе придонесат за поголема атрактивност на градината, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој присуствуваше на почетокот на градежните активности на Дино паркот, кој ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри.

– Ова ќе биде прв Дино парк на Балканот каде што ќе има толкав број диносауруси, како и едукативна содржина за секое од овие праисториски животни.  Веќе во првата половина од следната година планираме паркот да биде завршен и отворен за посетителите, рече Шилегов.

Во паркот на диносаурусите ќе се влегува од два влеза. Преку постоечкиот влез, како и од посебен влез, директно од Градскиот парк. За влез ќе се наплатува 50 денари.

Патеките ќе бидат изградени од обработен камен, а постојното зеленило ќе се дополни со ново.

За изградбата на паркот се предвидени околу 20 милиони денари распоредени во две буџетски години, а отворањето е планирано за следната година.

Еве како ќе изгледа Дино паркот.

Publiée par Gjorgi Galetanovski sur Jeudi 10 octobre 2019

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот