Во време кога во Косово се води расправа за нацртот на ЗСО, Лајчак во ненајавена посета на Приштина

Посредникот на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак попладнево се очекува да допатува во ненајавена посета на Косово.

Посетата, преку изјава за медиумите, ја потврдија од Канцеларијата на Европската унија на Косово.

„Да, Лајчак денеска и утре е во Косово“, изјави за „Коха.нет“ Јоана Лачана од канцеларијата на ЕУ.

Според извори на Радио слободна Европа, словачкиот дипломат се очекува да се сретне со косовскиот премиер, Албин Курти, како и со главниот преговарач на Косово во бриселскиот дијалог, вицепремиерот Бесник Бислими.

Повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, РСЕ јави дека Лајчак ќе има средби и со претставници на косовските парламентарни опозициски партии.

Посетата на европскиот емисар доаѓа во време кога во Косово се води расправа за нацртот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство, кој западните емисари пред неколку недели го презентираа пред обете преговарачки страни, за време на нивната посета на Приштина и Белград, каде што се сретнаа со косовскиот премиер Албин Курти и со претседателот на Србија Александар Вучиќ

По последните средби во Брисел на 26 октомври, кои Курти и Вучиќ ги имаа со лидерите на Франција, Германија, Италија, како и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во присуство на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, беше објавено дека двајцата лидери го прифатиле предложениот нацрт како добра основа за понатамошни дискусии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот