Во угостителски објект во Куманово не биле почитувани мерките за заштита од ковид-19

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На 25.02.2021 година во 17.22 час во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Гоце Делчев” има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија.

Полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола и во објектот,  сопственост на И.А.(30) од Куманово, а изнајмен на А.М.(20) од Куманово, биле затекнати 49 лица, од кои шест малолетници, кои не одржувале дистанца и не носеле заштитна опрема, при што било констатирано  „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, превидено и казниво по чл.206 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот