Во Турција се дадени повеќе од 120 милиони дози вакцини против коронавирус

Повеќе од 120 милиони дози вакцини против Ковид-19 се дадени во Турција од почетокот на имунизацијата во јануари, покажуваат официјалните податоци од здравствените власти, пренесува Анадолија.

Повеќе од 56,18 милиони луѓе ја примиле првата доза од вакцината, додека повеќе од 50,32 милиони се целосно вакцинирани, соопшти турското Министерство за здравство. Трета, дополнителна доза, примиле повеќе од 12,1 милиони луѓе.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на Твитер објави дека во Турција не е евидентиран ниту еден случај на варијантата омикрон, неодамна откриена во Јужна Африка, додавајќи дека во оваа земја доминантна е делта варијантата.

Според Универзитетот Џон Хопкинс, од декември 2019 година, пандемијата на коронавирус однела околу 5,19 милиони животи во најмалку 192 земји и региони, а повеќе од 260,87 милиони случаи се регистрирани ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот