Во три штипски училишта трансмисија на коронавирусот меѓу учениците

Македонија училиште ученици наставник професор
Настава во време на пандемија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во три штипски училишта има локална трансмисија на коронавирусот, денеска за МИА потврди директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова. Станува збор за едно средно и две основни училишта. Според денешните податоци позитивни на коронавирусот во училишатата се 32 ученици, а над 80 се во изолација.

– Резултатите од денешните потврдени случаи во училишата ги веќе работиме. По направената анкета ќе знаеме колку дополнително ученици ќе заминат во изолација. Што значи оваа бројка ќе се зголеми во текот на денешниот ден, вели Димитрова.

Возраста на учениците е од 10 до 18 години. И покрај тоа што има појава на локална трансмисија во вкупно три училишта во Штип, сепак оценката на епидемиолозите е дека состојбата во училиштата е стабилна и не е загрижувачка. Раководителот на секторот за образование во Општина Штип, Билјана Казанџиска вели дека имаат три класа во изолација, а општинскиот тим секојдневно ги контролира училиштата, кои ги почитуваат мерките и постојано вршат дезинфекција.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот