Во тетовско Долно Палчиште 20 пожарникари над четири часа гасеа пожар во објект

Во пожарот со мало задушување се соочиле тројца пожарникари поради што имало потреба од лекарска интервенција од страна на дежурна екипа од Итната медицинска помош.

Дури 20 пожарникари и време од речиси четири часа биле потребни ноќеска за да се изгаси пожар кој зафати објект во тетовско Долно Палчиште, информираат од противпожарната единица од Тетово. Пожарот бил пријавен околу 20 часот и 30 минути, а бил локализиран и ликвидиран дури после полноќ.

-По пријави од многу граѓани се упативме со две возила и седум пожарникари. Во меѓувреме увидовме дека пожарот станува се поголем и побаравме дополнително да дојдат уште 13 пожарникари. Така се интервенираше со 20 луѓе и девет возила. Објектот беше голем на три ката, а внатре имаше многу мебел, теписи и сунѓери материјали што лесно горат, изјави Ука Алити, командант на тетовската Противпожарна единица.

Во пожарот со мало задушување се соочиле тројца пожарникари поради што имало потреба од лекарска интервенција од страна на дежурна екипа од Итната медицинска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот