Во Свети Николе се гради социјална зграда за 48 лица од социјално ранливите категории

Во Свети Николе по 30 години се гради нова социјална зграда за 48 лица од социјално ранливите категории. Зградата се гради  во населбата „Лозов расадник”.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски заедно со претставници на ЈП за станбен и деловен простор и изведувачот на градежните работи фирмата „Атриум” извршија увид во градежните работи.

Велковски вели дека интензивно се работи на првата колективна зграда наменета за социјални случаи во Општина Свети Николе. За само 11 месеци зградата е во фаза на карабина, поставени се прозорци и веќе се работи внатре во објектот.

– Според динамиката на градба се очекува веќе во април наредната година 48 социјални семејства од различни категории да бидат згрижени во оваа колективна зграда, вели Велковски.

Становите се со површина од 34 до 46 м/2, рокот на изградба е 18 месеци. Инвеститор е ЈП за станбен и деловен простор, кој во изградба на вакви станови инвестира и во Општина Пробиштип. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот