Во струшката болница 34 заболени од морбили

Во струшката болница од мали сипаници заболеле 34 вработени, соопшти денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

– Таму имаме седум од хирургија и седум заболени од анестезија. Вкупно заболени во струшката болница се 34. Значи не се само на споменатите одделенија. Во тек на денешниот или утрешниот ден се прибираат податоци, дали директорот има постапено по наредбата од министерот, дали има одбиено од веќе инфицираните колеги, дали одбиле да се вакцинираат. Доколку имаме такви податоци секако дека ќе се преземат соодветни законски одговорности – кажа Ирина Бухова, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Инаку поради бројот на заболени од морбили од вчера целосно е затворено хируршкото одделение во оваа болница, а пациентите се препраѓаат во други болници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот