Во Србија уште двајца починаа од ковид-19, 214 новозаразени

Фото: МИА

Во претходните 24 часа, во Србија починаа две лица од последниците на инфекција од коронавирус со што вкупниот број смртни случаи од почетокот на епидемијата се искачи на 776.

Според податоците на Министерството за здравство и Институтот Батут, од 3.325 примероци тестирани во претходните 24 часа, позитивни на присуството на вирусот беа 214.

Моментално на болничко лекување се 390 ковид позитивни пациенти, од кои 24 се на респиратори.

Процентот на смртност од почетокот на пандемијата изнесува 2,15.

Во Србија до денес се тестирани 1.236.118 лица од кои кај 36.160 е потврдена инфекцијата.

(Извор: Бета)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот