Во Солун принудно слетал авион по пожар во пилотската кабина

Принудното слетување било успешно, а 157 патници, едно бебе и шест членови на екипажот безбедно го напуштиле авионот.

-Поради пожар во пилотската кабина, авион на компанијата „Рајанер” попладнево принудно слетал на аеродромот во Солун, а сите 164 лица, патници и членови на екипажот безбедно биле евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, во 17.45 часот авионот кој од Берлин летал за Атина, додека бил над Халкидики испратил сигнал за помош и побарал принудно слетување поради пожар во пилотската кабина, по што веднаш биле активирани сите предвидени протоколи.

Принудното слетување било успешно, а 157 патници, едно бебе и шест членови на екипажот безбедно го напуштиле авионот.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека според информациите од Противпожарната служба на Грција во електронските системи во пилотската кабина имало знаци на пожар, а на аеродромот во Солун биле 20 пожарникари со девет возила, но не била потребна интервенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот