Во Ресен приведен дилер од прилепско, запленет килограм марихуана

Вчера во 14.25 часот во Ресен, на улицата „Корчуланска“, од страна на полициски службеници од полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен бил лишен од слобода М.З.(36) од село Селце, прилепско.

„Кај него била пронајдена ќеса со марихуана, која при обид да избега, ја фрлил. Од извршениот увид било констатирано дека во ќесата има околу 1 килограм марихуана, која била одземена. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“ велат од МВР.

ВИДЕО | Полицијата заплени дрога вредна над 3.000.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот