Во простории на старо училиште силувано дете, ОЈО Гостивар бара притвор за сторителот

Сексуално злоупотребување илустрација/ Фото Top Channel

Детето давало отпор и било слушнато од минувачи, кои ја отвориле вратата и не дозволиле сторителот да побегне.​​

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, жител на гостиварско село, на возраст од 67 години за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

-Во насока на непречено одвивање на постапката и обезбедување присуство на осомничениот, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд во Гостивар достави и Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице- наведуваат во соопштнеието од ОЈО Гостивар.

Осомничениот  делото го сторил на 2 април 2020 година, кога искористувајќи го претходното познанство со детето – жртва, го повикал во простории на старо училиште.

Детето давало отпор и било слушнато од минувачи, кои ја отвориле вратата и не дозволиле сторителот да побегне.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот