Во Пентагон се размислува за оставки, доколку Трамп ја употреби војската ако ги изгуби изборите

Фото: EPA / Molly Riley

Високи претставници на одбраната во САД разговараа за оставка доколку претседателот Доналд Трамп и нареди на американската војска да ги задуши сите немири на изборите во ноември, објави „Њујорк тајмс”.

Армијата е загрижена дека Трамп ќе се обиде да ја користи војската против американските граѓани кои ќе протестираат против него доколку се обиде да остане на власт по губењето на изборите на 3 ноември.

Весникот нагласува, повикувајќи се на неколку извори во Пентагон, дека таквиот потег може да доведе до оставка на генералите од тимот на Трамп, вклучувајќи го и генералот Марк Мили, претседател на Советот на началници на ГШ.

Џон Ганс од МО во администрацијата на Барак Обама за весникот изјави дека е загрижен дали војската е навистина подготвена да се спротивстави на наредбите на претседателот.

„Пентагон има планови за војна со Канада и зомби апокалипса, но нема план во случај на спорни избори. Ова се големи прашања што влијаат на угледот на институцијата”, истакна тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот