Во МНТ се подготвува „Лагата“ во режија на Бесфорт Идризи

На малата сцена во Македонскиот народен театар во тек се читачките проби за претставата „Лагата“, работена по текст на современиот и актуелен француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер.

Претставата „Лагата“ е во режија на Бесфорт Идризи, а станува збор за безмилосна комедија која го анализира лицемерието во општеството. Дејството се врти во лавиринт на лаги, измами и непријатни вистини што се случуваат во бракот.

Брачниот пар Мишел и Лоранс доаѓаат на вечера, но Алис истото попладне го забележува Мишел како се бакнува со друга жена, притоа е во дилема дали да ѝ каже на пријателката што видела или не. Нејзиниот сопруг Пол верува дека е подобро да се однесуваат како ништо да не се случило. Алис е далеку од сигурна. Со оглед на тоа што нивната сопствена врска се држи под лупа, станува јасно дека некои вистини најдобро е да не се кажат… а границата меѓу вистината и лагата може да биде опасна за преминување.

Во претставата играат Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Сценографијата ја работи Крсте Џидров-Џиби, костимите ќе бидат дизајн на Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика во оваа театарска претстава ја потпишува Игор Василевски-Новоградска. Премиерата се очекува кон втората половина на мај годинава.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 125, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 16-17 април 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот