Во мај речиси 100 процентен пад на бројот на туристи

Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 62,3 отсто.

Бројот на туристи поради корона вирусот секаде во светот па и кај нас бележи значителен пад, како резултат на мерките кои се спроведуваат поради спречување на ширењето и затворените граници.

Во мај годинава бројот на туристи кои ја посетиле земјава во споредба со истиот месец претходната година бележи пад од 99,2 отсто или земјава ја посетиле само 838 гости.

Државниот завод за статистика соопшти дека во овој период реализирани биле вкупно 4.946 ноќевања што е 97,6 проценти помалку.

Според статистиката, бројот на домашните туристи во мај 2020 година во однос на мај 2019 година е намален за 97,8 отсто, а на странските за 99,7 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е намален за 96,7 отсто%, а бројот на ноќевањата на странските туристи за 98 проценти.

Во периодот јануари – мај 2020 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е намален за 63,2 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 58,2, а кај странските за 65,6 отсто.

Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 62,3 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 56, а кај странските за 66 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот