Во Куманово 12 новозаразени со ковид-19, од кои 10 се од Липково

Куманово/ Фото: МИА

Од вкупно 12 заболени кои ги евидентира Центарот за јавно здравје Куманово како новозаболени во последниве 24 часа, 10 се од Општина Липково, двајца се од  Општина Куманово, информираше директорот на здравствената установа Ариф Љатифи. Тој кажа дека и починатиот пациент на 71 година е од Општина Липково.

-Интензивно се вршат тестирања, се земаат брисеви, мобилните екипи се на терен. Досега на подрачјето на Липково има 50-тина активни случаи од вкупно 114 заболени. Заболените се од познати кластери. За разлика од Куманово, во Липково има поинтензивни семејни врски. Во еден двор може да има по четири до пет куќи, дворовите се поврзани, тоа придонесуваше за ширење на вирусот, изјави Љатифи.

Од Општина Липково, информираат дека секојдневно заседава општинскиот кризен штаб, се разговара со сите чинители во локалната заедница со своето делување да придонесат за јакнење на свеста кај населението за почитување на мерките, меѓу нив и со имамите на џамиите и претставниците на месните заедници.

Од општината, информираат дека  преземаат  дополнителни чекори и комуналното претпријатие ги дезинфицира патиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот