Во Клиничката болница во Штип починаа двајца пациенти позитивни на коронавирусот

Фото: МИА

На Инфективното одделение при Клиничката болница во Штип починаа двајца пациенти со Ковид – 19.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека станува збор за пациенти на возраст од 80 и 75 години. Осумдесетгодишниот пациент на Инфективното одделение е хоспитализиран на 5 јуни, состојбата му беше тешка во текот на лекувањето и беше со кислородна поддршка. Додека 75- годишниот пациент е деносен вчера во претпладневните часови со симптоми на коронавирусот, починал неколку часа по хоспитализацијата, а брисот дека е позитивен пристигнал постмортем. Двајцата пациенти претходно имале други здравствени проблеми.

На Инфективното одделение во моментов се хоспитализирани 22 пациентите од општините од источниот регион, а двајца се сомнителни и за нив се чекаат резултатите од земените брисеви. За само една недела од коронавирисот во штипската Клиничка болница починаа тројца пациенти, минатата недела почина 63- годишна жена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот