Во Италија 1.128 случаи на коронавирус, потврдени 29 жртви

Со коронавирус во континентална Кина се заразени нови 427 лица, што е повеќе од еден ден претходно кога имаше 327, известија денес кинеските здравствени власти.

Така, вкупната бројка на заразени во континентална Кина достигна 79.251 лица. Вчера од последици на заразата со вирусот Ковид-19 почина 47 луѓе, а досега во тој дел на светот починаа 2.835 лица.

Кога ќе се одземат податоците од тој најтешко погоден регион, на подрачјето на цела Кина се забележани само четири нови случаи на заразата денес, што е најниска бројка откако кинеските здравствени власти започнаа да собираат податоци. Јужна Кореја која засега има 3.150 случаи на заразата се бори со најголемо ширење на вирусот надвор од Кина. Бројот на починати во оваа земја се искачи на 17.

Коронавирусот вкупно во светот усмрти најмалку 2.900 луѓе, најголемиот дел во копнена Кина. Заразата е присутна на сите континенти освен на Антартикот.

Според последните податоци, во светот се заразени 85.697 лица, а починати се 2.933 луѓе. Досега се излечени 39.769 луѓе.

Бројот на заразени порасна и во Италија, САД, Шпанија, Јапонија, Ирак, Иран и во други земји. Холандија и Исланд ги пријавија првите случаи на заразени.

Според најновата проценка на СЗО, ризикот за ширење и влијание на коронавирусот сега е многу висок на глобално ниво. Но, се уште не се смета дека станува збор за пандемија.

Во Македонија досега има само едно заразено лице со коронавирус, додека во Хрватска денес беше регистриран шестиот случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот