Во Хрватска нема школо додека игра репрезентацијата, учениците може да се ослободат од настава

Фото: Amaia Maguregui / Searching for Superman

Хрватскиот министер за образование Радован Фукс најави можност учениците да бидат ослободени од настава за време на натпреварите на хрватската репрезентација на Светското првенство. Министерот истакна дека пропуштената настава поради гледање на натпреварот ќе мора да се надомести.

Родители на средно училиште во Задар добиле порака дека наставниот совет одлучил во среда да ги скрати часовите поради натпреварот на хрватската фудбалска репрезентација. Бидејќи мечот започнува во 11 часот, децата ќе го завршат училиштето во 10.30 часот. За учениците кои сакаат, училиштето ќе организира следење на натпреварот во своите простории.

„За да можеме да организираме настава потребна ни е вашата согласност, бидејќи училиштето не може да преземе одговорност за незгоди или инциденти кои може да се случат по завршувањето на наставата“, се вели во пораката со која се бара согласност од родителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот