Во Грција повторно отвораат клиники за лекување пациенти со Ковид-19

Инфективна клиника / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Клиники за лекување пациенти со Ковид-19, што беа затворени по затишјето во пандемијата на почетокот на летото, од денеска се повторно отворени во Грција, изјави за Скај ТВ, Матина Пагони, претседател на Унијата на болнички лекари во Атина и Пиреја.

Таа нагласи дека хоспитализациите на лица со Ковид-19 во болниците се зголемуваат и за една недела се зголемиле  од 5 на 45.

Таа додаде дека „работите воопшто не одат добро и ако не се вакцинираме, никој не може да предвиди што ќе се случува со вирусот во иднина”. Според неа, ако развојот на колективен имунитет трае до декември, како што предвидоа некои набљудувачи, во болниците „ќе биде застрашувачки” во октомври.

Што се однесува до потребата од трета доза на вакцина, Пагони рече дека веројатно ќе биде потребна за 80 до 90 проценти од вакциниранитеи дека на оние кои неодамна се вакцинирани, ќе им треба трета доза следното лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот