Во Грција потврдени вкупно седум случаи на мајмунски сипаници

Фото: МИА

Во Грција е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај лице кое не патувало во странство, со што постојат знаци за пренесување на болеста во внатрешноста на земјата, соопшти Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно седмичниот извештај, заклучно со вчера, во земјата се потврдени вкупно седум случаи на мајмунски сипаници, од кои шест се увезени.

„Седмиот случај е првиот што не пријавил патување во странство и затоа има индиции за пренесување во внатрешноста. Случаите веќе оздравеле или се оздравуваат во генерално добра клиничка состојба“, соопштија од ЕОДИ.

Додаваат дека опасноста за општата популација останува ниска и преземени се сите неопходни мерки за ограничување на ширењето на болеста.

Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот