Во Германија уапсен маж од Косово кој праќал пари и ширел пропагнада на Исламска држава

Исламска држава / Фото: Профимедиа

Маж од Косово во Германија е обвинет за обезбедување на поддршка за таканаречената Исламска држава. Тој испраќал пари за оваа терористичка организација и ширел пропаганда, соопшти денес државен обвинител од оваа европска земја.

Осомничениот, кој е идентификуван како Хасан Б. и кој од јуни се наоѓа во притвор, осуден е на 4 декември во Хамбург, пренесува „АП“.

Како што се наведува, тој 11 пати меѓу 2016 и 2017 година испраќал пари за борците на Исламска држава во Сирија, а дополнително е обвинет за префрлање на пари на државјанин од Македонија во 2015 година и негово префрлање во Сирија.

Хасан Б. се сомничи и дека во 2015 година на Фејсбук отворил профил за член на Исламска држава на кого му помогнал да го користи за ширење на пропаганда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот