Во Долно Количани омаловажуван полицаец, во Демир Капија граѓанин ги искинал гласачките ливчиња

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

МВР извести за уште три случаи на инциденти и нерегуларности во изборниот процес.

На гласачко место 2353 и 2353/1 во с.Долно Количани во основно училиште „Кемал Ататурк” од страна на Р.Е.(27) од с.Долно Количани бил омаловажуван полициски службеник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје околу 15,40 часот од претседател на изборна комисија С.А. во основно училиште „Гоце Делчев” во населба Илинден на избирачко место бр.2393 било пријавено дека Р.А. од населба Илинден го сликал гласачкото ливче и им го покажал на членовите од изборната комисија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

СВР Велес Во 18,15 часот на избирачко место 1239 во ОУ „Димко Габерот” во Демир Капија лицето В.М. од градот дошол да го оствари правото на глас, и кога комисијата му ги дала ливчињата, тој ги искинал и ги ставил во џебот. Во консултација со Јавен Обвинител ќе се превземат потребните дејствија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот