Во Динамо пристигнала понуда за трансфер на Адеми

аријан адеми
Аријан Адеми („Динамо Загреб“)/фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој е капитен на Динамо Загреб, во летниот преоден рок би можел да го напушти хрватскиот шампион.

Хрватските медиуми пишуваат дека во Динамо пристигнала понуда тешка пет милиони евра од неименуван клуб.

Аријан Адеми од 2010 година го носи дресот на Динамо Загреб, а од 2017 година е капитен на „модрите“ со кои освои 10 титули во хрватското првенство, има шест трофеи во Купот на Хрватска и три трофеи во хрватскиот Суперкуп.

Големиот борец на терените, досега имаше неколку понуди за да си замине од хрватскиот шампион, најсериозна беше таа на Ал-Итихад од Саудиска Арабија вредна 7,5 милиони евра, но тој и Динамо Загреб досега ги одбиваа сите понуди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот