Во ДИК до 13:30 часот нема поднесени нови приговори за сумирање и утврдување на резултатите на изборите

Фото: Драган Митрески, 13.07.2020, ДИК

До 19 и 30 часот вечерва може да се поднесуваат приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори. До 13:30 часот денеска нема поднесено други приговори така што бројката на приговори е иста како до синоќа-82.

Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, изјави дека до 13:30 часот денеска ниту еден подносител на кандидатска листа не поднел приговори за сумирање и утврдување на резултатите од изборите. За 82-та приговори кои се пристигнати до синоќа, а и за оние што треба да пристигнат денеска, ДИК на седница треба да расправа во рок од 72 часа од нивното поднесување.

Најголем број од поднесените 82 приговори одосно 74 се од Алијанса за Албанците, но има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето.

Во 21 часот синоќа истече рокот за поднесување приговори за постапката на гласање.

Роковите за приговори почнаа да течат завчера вечер, откако ДИК ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите.

По завршувањето на роковите за поднесување приговори, ДИК ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, соопшти вчера претседателот на ДИК, Оливер Деркоски. В

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот